Серија А ќе ја снајде иста судбина како Лига 1: Чекам повици од претседателите да ставиме крај на сезоната!

by
2 минути читање

Лига 1 е првото
првенство од топ 5 во Европа кое стави крај на сезоната откако властите во
Франција го забранија спортот до септември.

Бундеслигата, Премиерлигата,
Ла Лига и Серија А кројат планови за ре-старт и проодлжување на сезоната во мај/јуни, но властите од Италија предупредуваат дека и тие размислуваат да го
следат примерот на Франција.

„Во тек се
преговори помеѓу Научниот и техничкиот комитет и Фудбалската федерација на
Италија. ФФИ достави медицински протокол за кој сметаме дека е недоволен.
Повторувам, тоа што ќе дозволиме да се продолжи со тренинзи не значи дека и
сезоната ќе продолжи. Во овој момент, сметам дека мали се шансите за
продолжување на сезоната во Серија А. Фудбалерите сакаат да продолжат со
тренинзи, со право го бараат тоа, но доколку јас бев претседател на клуб, ќе
мислев како безбедно да ја започнеме следната сезона. Франција нема да биде последната
земја која ќе реши да го стопира спортот, и ние можеби ќе повлечеме ваков
чекор“
– вели министерот аз спорт на Италија, Винченцо Спадафора.

Последниот декрет
на Владата веќе ги налути клубовите со оглед на тоа дека фудбалерите ќе можат
да продолжат со тренинзи дури на 18. мај, а индивидуалните спортисти ќе можат
да продолжат со тренинзи на 4. мај.

Најгласен во
замерките секако беше првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито кој најави дека
играчите како Чиро Имобиле и Един Џеко ќе го користат паркот Вила Боргезе во
Рим.

„Се надевам дека
имаше малку иронија во изјавите на Лотито. Не можеме да го отвориме спортот за
сите. Научниот и техничкиот комитет ни нареди бројката да биде што помала, па
моравме да направиме избор. Само неколку илјади спортисти ќе можат веднаш да
почнат со тренинг“.

„Протоколот кој
беше презентиран од фудбалот не е доволен. Мислам дека во следните неколку дена ќе почнат да пристигнуваат изненадувачки вести. Очекувам претседателите
да почнат да ми се јавуваат и да бараат сезоната да биде прекината за тие да
можат да се подготват за следната“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×