Арсенал во јануари 2018 година го купи Обамејанг за двојно повисока сума од таа за која се шпекулира дека ќе го продаде.
Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2021 година, и тој не сака да ја продолжи соработката. Арсенал стравува дека може да им се повтори случајот „Ремзи“, па се подготвени да го продадат за сума која би била атрактивна за оние кои сакаат да го купат.
„Сан“ пишува дека Арсенал ќе го продаде Обамејанг за 34 милиони евра.
Интерес за напаѓачот има од повеќе големи клубови, тој се поврзува со Интер, Барселона, Реал Мадрид, Челси и Манчестер јунајтед.
Интер се надева дека Обамејанг би бил идеална замена за Лаутаро, предноста на нероазурите е тоа што тој зборува италијански, потекнува од школата на Милан од каде што замина во Сент Етјен во 2021 за сума од 1,8 милиони евра.