„Лампард секој ден му се јавува на Мертенс“

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Челси, Френк Лампард речиси секој ден му се јавува на Дрис
Мертенс во обидот да го убеди Белгиецот да потпише за „Сините“ од Лондон, тврди
посредникот за трансфери, Винченцо Морабито.

Уште во јануари
постоела силни шпекулации кои навестуваа преселба на Мертенс на „Стемфорд Бриџ“,
меѓутоа од тоа ништо не се случи, а претстојново лето 32 годишниот офанзивец е
слободен играч на трансфер пазарот.

Мертенс првично
кажа дека сака да остане во Наполи, но потоа неговиот агент почна да му нуди
повеќе клубови, што значи дека нешто се промени помеѓу фудбалерот и клубот

вели Морабито во изјавата за „Радио Кис Кис Наполи“.

Го знам сево ова
бидејќи јас работев на случајот со Оливие Жиру кога тој требаше да си замине од
Челси во јануари, а сето тоа беше поврзано со Мертенс
“ додава тој, алудирајќи
на тогашните шпекулации кои велеа дека францускиот напаѓач е пред трансфер во
Наполи, Челси сепак ги промени плановите подоцна, па Жиру доби договор до
идната година.

Челси веќе го
продолжи договорот со Жиру како една претпазлива мерка, но тие се премногу
заинтересирани за Мертенс, а Лампард му се јавува речиси секој ден, јас веќе го
гледам Мертенс во Челси
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×