Гигантите се нафрлија по потписот на младата ѕвезда на Реал Ваљадолид која има „смешна“ откупна клаузула

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед им се приклучи на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во битката за потписот
на 21 годишниот дефанзивец на Реал Ваљадолид, Мохамед Салису.

Тоа што е
интересно во целата оваа ситуација, е фактот што младиот интернационалец од
Гана има откупна клаузула во висина од само 10 милиони евра, што како сума е „смешна“
за повеќето гиганти.

Ланската година
во мај, Салису потпиша нов договор со шпанскиот прволигаш со важност до 2022.
година, но истиот содржи и откупна клаузула од само 10 милиони евра, барем
според пишувањата на „АС“.

Салису сезонава
настапи на 27 меча за Реал Ваљадолид, а неговите импресивни изданија за клубот
привлекоа голем интерес, тој инаку претходно беше во младинскиот состав на овој
клуб за фудбалери до 19 години, за потоа од „Б“ тимот да се прекомандува во
првиот состав.

Се шпекулира дека
Реал Ваљадолид има намера да му понуди нов договор, побогат, а истовремено и со
повисока откупна клаузула во истиот, меѓутоа тешко е да се очекува дека младиот
фудбалер ќе оддолее на понудите на гигантите. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×