Зелено светло од Барса за Јуве да почне преговори со Артур

by
1 минути читање

Иднината на Артур
Мело во дресот на Барселона повторно е ставена под знак прашалник, 24 годишниот
Бразилец се најде на насловната страна на „Мундо Депортиво“ во вест во која се
вели дека тој би можел летово да заврши во редовите на Јувентус.

Весникот известува
дека од Барселона му дале зелено светло на италијанскиот првак да почнат
преговори со фудбалерот од средниот ред, „Зелено светло за Јувентус“ е всушност
пораката која осамна на насловната на весникот со Артур на неа.

„Мундо Депортиво“
во веста подвлекува дека во некои нормални околности во Барселона секако дека
не би дале дозвола за преговори со некои од нивните фудбалери, особено не за
фудбалери за кои не им е таков планот, меѓутоа ситуацијата налага и ваков
епилог на настаните.

Како и да е, се
верува дека Артур посакува да остане во Барселона, за него интерес постои и од
Интер, меѓутоа очигледно дека кризата од коронавирусот посебно ги погоди
Каталонците што ќе мораат да се решат дури и на вакви чекори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×