Легендарниот
Клаудио Маркизио кој зад своето име запиша близу 300 настапи во дресот на
Јувентус во период од 13 години, не крие дека лично му рекол на Пол Погба дека
направил голема грешка што си заминал за Манчестер јунајтед.
„Ланската година
се сретнавме на еден приватен настан, му реков дека направи грешка што одлучи
да замине во Манчестер јунајтед, требаше да остане во Јувентус“ вели
пензионираниот Маркизио за „Спорт Медиасет“.
„Како и да е,
сега работите се променија, средниот ред на Јувентус се промени, но, се надевам
дека тој ќе се врати, бидејќи тоа би било одлично за обата клуба, тој веќе е
запознаен со првенството, секако би го зголемил квалитетот во тимот“ додава
Италијанецот кој својата кариера ја заврши лани во Зенит, каде играше една
година.
Што се однесува
до Пол Погба, тој е често помеѓу насловите на медиумите по прашањето на неговата
иднина, се шпекулира дека првична опција е веројатно Реал Мадрид, а никако не
се исклучува ниту можното враќање во Јувентус.