Фудбалерите би
можеле да се соочат со опомени во жолти картони од судиските арбитри за време
на натпреварите кои би се играле во периодов на пандемијата во случај да
плукаат, поради тоа што од ФИФА сметаат дека тоа може да придонесе на ширење на
коронавирусот.
Се разгледуваат
сите можни сценарија, сите можности околу тоа како да продолжи актуелната
сезона низ првенствата, иако некои веќе ја прекинаа сезоната, па така, една од
повеќето опции е секако и забраната за плукање за време на натпреварите, а за
оваа идеја сведочи изјавата на Макјл Д’Хуги.
„Сево ова е општа
пракса во фудбалот, но, тоа најмалку е хигиенски“ вели Д’Хуги, првиот човек на медицинскиот комитет при „ФИФА“
во изјавата за „Телеграф“.
„Кога ќе почнеме
повторно со фудбалот, сметам дека ние треба тоа да го сведиме на максимум како
забрана, прашањето е дали сево ова ќе биде возможно, можеби за тоа ќе добиваат
жолти картони“ додава тој.
„Тоа е сосема
нехигиенски, а од друга страна пак добар начин за ширење на вирусот, поаѓајќи
од ова мораме да бидеме особено внимателни пред да почнеме повторно, не сум
песимист, но, ниту сум скептик во моментов“ заклучи Д’Хуги.
Научниците се
едногласни во ставот дека плукањето може во голема мера да придонесе до евентуално
ширење на коронавирусот од фудбалер на фудбалер, во случај сето тоа да биде
дозволено како и претходно, посебно кога би имало случај на асимптоматични во
моментите кога учествуваат на еден натпревар.