Нејмар минатото
лето силно се поврзуваше со враќање на Камп Ноу, со месеци кружеа гласини дека
тој одново ќе игра покрај Лео Меси, ПСЖ и Барселона преговараа до последен ден,
но договор за трансфер не беше постигнат.
Уште тогаш се најавуваше
дека „каталонците“ ќе имаат нов обид за 12 месеци, изминатиов период исто така
често имаше стории за преселба на Бразилецот на Камп Ноу, но фудбалот сега е во
нови непознати води поради кризата од коронавирусот.
Според пошувањата
на каталонскиот весник Л’Еспортиу, Барса е принудена да се откаже од Нејмар.
Актуелниот шампион на Шпанија ќе нема финасиска моќ за реализирање на ваков
трансфер. Па, место фудбалерот на ПСЖ, летоска топ трансфер цел ќе биде Лаутаро
Мартинез од Интер.
„Јасно е дека
сакаме да го вратиме Нејмар, но мораме да бидеме реални и да кажеме дека практично
е невозможно да го ангажираме летоска. Ако треба да се обложам, би ставил пари
на Лаутаро Мартинез. Враќање на Нејмар е утопија“ – вели постар директор од бордот
на Барселона.
Весникот додва
дека покрај високата сума која ПСЖ ќе ја бара за разделба со напаѓачот, проблем
е и високата плата на Нејмар. Поради коронавирусот, приходите драстично ќе се
намалат, па ќе треба да се крати и буџетот за плати.
„Ќе треба
значајно да се намали сметката за плати на првиот тим, и како ќе го
изведеме тоа доколку пристигне Нејмар, играч кој заработува 30 милиони евра нето по
сезона? Тоа е невозможно“ – објаснува директорот.
Барселона
проектираше приходи од над ЕДНА милјарда евра за во иднина, но поради
коронавирусот, очекувањата сега се помеѓу 600 и 800 милиони евра.
Лаутаро Мартинез
не само што ќе има помала плата, Барселона полесно може да стигне до услугите
на Аргентинецот бидејќи Интер е подготвен да прифати неколку играчи во замена.