Фудбалската федерација на Холандија го поништи првенството, одлучи да нема шампион, да нема испаѓање, ниту влегување во првата лига.
Таквата одлука на „нож“ ја дочекаа неколку клубови, а најголема неправда е направена врз Камбур. Тимот од втората лига кој е лидер со 11 бодови предност пред третата позиција, што значи дека речиси сигурно ќе избореа пласман во елитата.
Раководството на Камбур беше бесно на одлуката и најави тужба бидејќи вложија многу за да се најдат во позицијата во која се и не можат лесно да ја прифатат непопуларната одлука на федерацијата.
Фрустрирани се и Ајакс и АЗ Алкмар кои имаат идентичен број на бодови на врвот на табелата. И двете екипи се борат за титулата и не сакаат сезоната да заврши како воопшто и да ја немала.
По најавите за тужби и острите реакции од клубовите и јавноста, Фудбалската федерација на Холандија ќе ја преиспита својата и одлука и можеби сезоната сепак ќе се доигра или актуелната табела ќе стане важечка, а не првенството да биде поништено.