ФИФА предлага да има пет измени во продолжението од сезоната, но под одредени услови

by
1 минути читање

Најсилните лиги во Европа, но и многу други, полека прават финални планови за
продолжението од сезоната и доигрување на првенствата во следните месеци. Еден од новитите кога ќе
почне да се тркала топката на терените може да биде бројот на измени кои ќе бидат дозволени.

ФИФА предлега во
продолжението од сезоната, па и во сезоната 2020/21, да се прават пет наместо три
измени. Секако, тренерите ќе можат да вршат измени под одредени услови, односно
ќе има максимум три во текот на натпреварот, плус две во паузата помеѓу полувремињата. Светската куќа на
фудбалот сака со ова да спречи калкулирање, непотребно трошење на време и чести прекини на играта.

Сега на потег е Бордот
на интернационални фудбалски асоцијации (ИФАБ), кој треба да даде зелено
светло, и секако, потоа секоја лига да ја прифати промената.

Идејата со ова
правило е да се минимизираат шансите за повреди на фудбалерите со оглед на тоа
дека ги чека густ распоред и веројатно по два натпревари неделно и тоа по два-три
месеци без фудбал и мала физичка активност.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×