Кулибали со понуда од Њукасл која тешко се одбива, за Кавани „златен договор“

by
1 минути читање

Њукасл наводно му
понуди годишна плата од цели 12 милиони евра на дефанзивецот од Наполи, Калиду
Кулибали, а се
поизвесно е
дека ќе се реализираат најавите дека клубот ќе биде „преселен“ во рацете на
новите сопственици од „Саудискиот јавен инвестициски фонд“, а со тоа Њукасл би
станал најбогатиот англиски клуб со доста богата каса.

Се верува дека
преговорите за преземањето на клубот течат во позитивна насока, а новите
сопственици кои од поодамна се најавуваат особено внимание насочуваат кон
Кулибали, известува „Ле10спорт“, а за дефанзивецот би биле потребни околу 80
милиони евра за да се убеди Наполи на продажба на фудбалерот, се верува дека
постои официјален контакт помеѓу Њукасл и Наполи во случајот со Кулибали.

Како и да е, кога
сме веќе кај Кулибали, Њукасл за неговиот потпис ќе има конкуренција во
Манчестер Сити, но и ПСЖ, меѓутоа францускиот медиум пишува дека Премиерлигашот
би можел да ги прескокне своите ривали со годишната плата која погоре е
наведена.

Што се однесува
пак до Кавани, тој летово ќе биде слободен играч на трансфер пазарот, за него
постои интерес од Атлетико Мадрид, како и клубови од Јужна Америка кои веќе го
контактирале, „Ле10спорт“ на оваа тема додава дека новите газди на Њукасл се
подготвени да му понудат „златен договор“ за да го убедат да се пресели на
Островот.

На листата на
желби високо котира и ѕвездата на Бетис, Набил Фекир, „несуденото“ засилување
на Ливерпул од претходно, за неговите услуги шпанскиот прволигаш бара најмалку
50 милиони евра, а Французинот бележи одлична сезона зад себе со седум погодоци
и шест асистенции во 22 настапи за клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×