Во Велика Британија, исто како и во останатите делови од светот се води тешка битка против пандемијата од коронавирусот, Ковид-19 однесе многу човечки животи, а бележиме уште една ѕвезда од Премиерлигата по Кајл Вокер, како и Џек Грилиш, кои освен не ги почитуваа мерките на англиските власти за справување со коронавирусот, нивното однесување донесе голем скандал.
Многумина се
согласуваат во тоа дека 20 годишниот талентиран фудбалер Моисе Кин е едно
големо промашување во англискиот фудбал, шампионат каде не баш секој може лесно
да се адаптира, меѓутоа талентираниот Италијанец веројатно добро се снаоѓа вон
фудбалските терени, барем за тоа сведочат снимките од социјалните мрежи, видеа
кои сам тој ги објавил за да се пофали пред своите пријатели.
Моисе Кин имал приватна забава, со тоа покажа доста лош пример за целокупната јавност, а на
видеата се забележани девојки кои танцуваат за него, а
снимките самиот Кин, веројатно да се пофали ги испратил во една приватна група
„Снапчат“.

„Мирор“ пишува
дека неколкуте девојки биле забележани како приредуваат и еротски танц на
снимките, а истовремено било забележано и друго однесување кое нималку било
позитивно за јавноста.
На снимката била
испишана порака „Чист карантин“, а од Евертон веќе пуштија соопштение за
јавноста во кое јасно се наведува дека клубот е згрозен од овој инцидент во кој
партиципирал фудбалер од првиот тим, кој ги игнорирал мерките и препораките на
властите, како и клупската политика во поглед на кризата со коронавирусот.
На Островот наведуваат
дека Кин, кој инаку на 22 настапи за Евертон по неговиот трансфер од Јувентус
запиша само еден гол во дресот на „Карамелите“, се соочува со висока казна од
клубот за цели 100,000 фунти, а речиси и да нема дилеми дека ќе се соочи со
одредена реакција од неговиот тренер Карло Анчелоти, кој важи за доста
авторитетен фудбалски стратег.
Како за
потсетување, големата надеж на англискиот фудбал Грилиш претходно беше мета на
доста остри критики на тамошната јавност поради присуство на забава во текот на
карантинот на Островот, а притоа дури на своето враќање кон својот дом удрил во
две паркирани возила.
Ѕвездата на
Манчестер Сити пак, Вокер имаше забава со две проститутки во својот дом, а исто
како и Грилиш, и самиот тој се извинуваше до јавноста.