Одбраните 300: Премиерлигата со финални подготовки за вистински „фудбалскиот фестивал“ во шест седмици

by
3 минути читање

Минимум 300 лица
ќе бидат потребни за натпревар во Премиерлигата да се одржи, притоа без публика
на гледалиштето секако, објави денеска „Дејли Мејл“, осврнувајќи се на повеќе
аспекти од тоа како би продолжиле фудбалските возбудувања на Островот за да се
комплетира актуелната сезона.

Во Англија се
разгледуваат сите можни мерки за заштита на здравјето на лицата кои ќе бидат
потребни за да се реализираат предвидените натпревари во претстојните седмици
во пандемијата со Ковид-19, а официјалните фудбалски власти наводно веќе ги
направиле потребните математики за тоа колку лица ќе бидат потребни за секој
поединечен меч.

Тоа, како што
наведува „Дејли Мејл“ подразбира 40 фудбалери, 32 лица од тренерски и
медицински персонал од обете екипи, 12 официјални лица за натпреварот, помеѓу
шест и осум доктори и медицински персонал, три официјални лица од Премиерлигата,
како и 130 или повеќе претставници на медиумите, овие бројки се сведени на минимум, па од таа причина медиумот подвлекува бројка од „300“ во генерална основа.

Секако дека наведените бројки се помалку од
генералната 300, меѓутоа „Телеграф“ на ова додава дека се уште се работи на
прецизирање на бројките околу клупските дирекори, медиумите, обезбедувањето,
стјуардите, персоналот за терените, како и операторите за таблата за резултати.

Практично, тоа
значи дека околу 300 лица ќе бидат потребни за еден меч да биде одигран
според сите потребни процедури, а во некои случаи, како што наведува „Дејли
Мејл“, би биле потребни до максимум 500 лица, датумот за кој во Премиерлигата
се надеваат дека ќе биде за продолжување на сезоната е 8. јуни.

Желбите се
преостанатите девет кола да се комплетираат за само шест седмици, а „Мирор“,
надоврзувајќи се на оваа тема пренесе дека клубовите веќе се известени за
предлозите како фудбалот да се врати, фудбалерите ќе бидат во карантин по
хотели.

Оваа идеја значи
дека фудбалерите би биле целосно во изолација во номинирани хотели цели шест
седмици, се дури не се одигра и последниот меч од актуелната сезона.

Иако клубовите
преферираат натпреварите да ги играат на сопствените стадиони, сосема јасно е
дека до тоа нема да дојде, се верува дека тие ќе бидат убедувани да играат на
клупските тренинг центри, како и неутрални терени како „Сент Џорџ Парк“,
особено последната идеја беше доста интересна за целокупната фудбалска јавност,
кога тамошните медиуми известија дека натпреварите би продолжиле на два кампа.

Ѕирнете во комплексот кој ФА го нуди за комплетирање на сезоната во Премиерлигата (ФОТО)

„Сан“ тврди дека
во лигата сериозно се размислува за имплементација на привремено правило околу
измените за време на натпреварите, па Премиерлигашите би можеле да користат
дури пет измени, а оваа идеја се базира на интенцијата да се заштитат
фудбалерите од несакани последици како повреди и слично, со оглед на силното
темпо кое претстои, а краткиот период за подготовка.

На крајот ќе
завршиме со моменталната ситуација околу табелата во Премиерлигата, на девет
кола до крајот на Ливерпул му се потребни само две победи до првата титула по
пауза од цели 30 години, ќе биде интересна докрај трката за влез во топ
четирите екипи, таму отворен пат за интересна битка имаат Шефилд Јунајтед,
Вулверхемптон, Манчестер јунајтед, како и Челси кој моментално е на четвртото
место, не би ги исклучиле ниту Тотнем и Арсенал во оваа битка.

Постои
неизвесност секако и во долниот дел од табелата, таму за опстанок ќе се борат
Брајтон, Вест Хем, Ватфорд, Борнмут, Астон Вила, па и Норич, барем според
моменталната ситуација на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×