Фудбалерите на Арсенал се враќаат во тренинг центарот, но под посебен режим

by
0 минути читање

Фудбалерите ќе ги почитуваат мерките на власта за коронавирусот, сами ќе патуваат до тренинг центарот, ќе имаат индивидуални тренинзи, на пропишана раздалеченост, по што ќе се вратат во своите домови.

„Играчите ќе добијат дозвола да ги користат терените на нашиот Лондон Колни тренинг центар. Дозволите ќе бидат лимитирани, внимателно менаџирани, тренинзите ќе се одвиваат на социјална дистанца“, вели портпаролот на клубот.

„Зградата од тренинг центарот ќе остане затворена. Фудбалерите ќе патуваат сами, ќе го направат својот индивидуален тренинг и ќе се вратат дома“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×