Италија наскоро ќе ги олабави мерките, но публика на стадионите нема да има до 2021 година

by
1 минути читање

Излагањето на премиерот на Италија, Џузепе Конте се поклопува со планот на клубовите од Серија А за продолжување на сезоната.

Цела Италија е во карантин од 10 март, Конте најави дека од 4 мај мерките ќе омекнат, а тоа значи дека фудбалските екипи ќе можат да почнат со тренинзи како што и беше планирано.

„Работиме на тоа да овозможиме повеќе бизниси од производството и градежништвото да бидат повторно отворени од 4 мај. Не можеме повеќе да бидеме во карантин, бидејќи ризикуваме да го урнеме социо-економскиот ситем во државата. Во текот на следната недела ќе излеземе со детали“, изјави премиерот Конте.

„Ќе има правила, се уште не можеме да си дозволиме целосна слобода“.

Кафичите и рестораните нема да се отворат од 4 мај, но информациите велат дека нема да има ниту публика на стадионите до крајот на оваа година.

Со тренинзи ќе се почне на 4 мај, но тие нема да бидат групни се до 18 мај. Сезоната во Серија А би требало да продолжи во јуни. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×