Јувентус тргнува по Жоржињо

by
1 минути читање

Според информациите
кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Жоржињо е голема желба на тамошниот
првак Јувентус, кој наводно уште летово ќе се обиде да го ангажира фудбалерот
од средниот ред кој пред Челси играше за лутиот ривал на „Старата дама“,
Наполи.

Откако агентот на
Бразилецот со Италијански пасош, Жоао Сантош наведе дека иднината на Жоржињо е
во Челси, како и тоа дека тој може да стави потпис и на нов договор со
Премиерлигашот, „Спорт Медиасет“ известува нешто сосема друго.

Од Италија тврдат
дека Жоржињо посакува повторно да соработува со својот поранешен тренер во
Наполи и Челси, сега на Јувентус, Маурицио Сари.

28 годишниот
фудбалер имаше променлива форма под кормилото на својот нов тренер Френк
Лампард откако се најде во една доста необична ситуација околу позицијата на
теренот, но, и покрај тоа постигна седум погодоци, а запиша и уште две
асистенции во 37 настапи сезонава.

Интересно е тоа
што Миралем Пјаниќ изминативе неколку седмици се поврзува со евентуален
трансфер во Челси, па останува дилемата дали обата клуба планираат еден вид
трампа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×