Од Милан му
врачија отказ на довчерашниот спортски директор Звонимир Бобан, а поради
начинот на кој го доби отказот, Хрватот ќе го тужи клубот, сево ова доаѓа по
огромните несогласувања на линија Газидис-Бобан.
„Марка“ сега
известува за една мошне интересна ситуација, а се работи за ѕвездата на Реал
Мадрид и освојувач на „Златната топка“, Лука Модриќ, кој извесен период се
поврзуваше со можен трансфер во Милан, и тоа по заслуга токму на неговиот
сонародник и идол Бобан.
Шпанскиот весник
тврди дека Бобан бил мошне близу до договор со Модриќ околу условите на
фудбалерот од средниот ред, меѓутоа во една ваква ситуација сите обиди на тимот
од Милано да дојде до четирикратниот освојувач на Лигата на шампионите пропаѓаат
во вода.
Во меѓувреме, се
верува дека идната дестинација за 34 годишниот Модриќ е Интер Мајами од САД,
каде Хрватот и би можел да ја заврши својата кариера.