Тоти: Франко Сенси ми беше како татко, му дадов се што можев, а доколку син ми добие понуда од Лацио…

by
3 минути читање

Франческо Тоти не
крие дека бил мошне близу до трансфер во Реал Мадрид, всушност тоа е веќе
познато за пошироката фудбалска јавност, меѓутоа истовремено, легендарниот
италијански фудбалер не крие и дека очекувал поголема почит од Рома, алудирајќи
на сегашното раководство на клубот каде ја мина целата своја кариера.

Интересно е тоа
што во интервјуто на социјалните мрежи, Тоти запрашан за иднината на неговиот
син Кристиан, би размислил доколку тинејџерот добие некоја понуда за преселба во Лацио, во
интервјуто тој се навраќа на прекрасниот период на „Римската волчица“ под
капата на веќе покојниот Франко Сенси, а не остана покус да го коментира
сегашното раковдство на чело со Џејмс Палота.

Мојот сон беше
да останам во Рома засекогаш, но како човек расте и созрева, јасно му е дека на
патот ќе има некои пречки во годините потоа
“ вели Тоти.

Првично се обиде
Милан да ме ангажира, тоа се случи дури пред да дебитирам за Рома, од Милан ми
дојдоа во мојот дом, сакаа да ме земат во нивниот клуб по секоја цена, а
периодот кога бев најблизу до заминување од Рома беше 2004/05, се
беше договорено со Реал Мадрид“ додава
Италијанецот.

Сепак, јас
останав во Рома, останав со цел да победам, бевме мошне близу до едно Скудето,
но, не успеавме во таа намера, падна нашиот прогрес, посакав клубот
да купи фудбалери од голем калибар, калибар на шампиони, да се ангажира тренер
за трофеи, видов многу проблеми
“ подвлекува Тоти, потсетувајќи на сезоната 2005/06, кога „Римската волчица“ речиси го имаше Скудетото во свои раце, но го испушти во самата завршница од сезоната со три ремија во низа, а по една победа и пораз во последните пет кола.

Како и да е,
Франко Сенси ми беше како татко, јас му дадов се што можев
“ наведува тој за поранешниот прв човек на Рома, кој беше наследен од неговата ќерка Росела Сенси, која исто така е на иста бранова должина како и Тоти во однос на новото раководство на клубот.

Росела Сенси: Се’ што направи мојот татко за Рома е уништено

Палота не ме
извести дека нема да ми биде продолжен договорот, не добив информација дека
нема да добијам нов договор, тој само се увери дека јас ја добив пораката, се
разочарав, бидејќи направив многу за овој клуб, а очекував барем малку повеќе
почит
“ вели Тоти, кој притоа беше запрашан што би се случило во ситуација да
неговиот син Кристиан добие некаква улога во Лацио, тој инаку е дел од
академијата на Рома.

Доколку тоа
зависи од мене, јас би размислил околу сето тоа, како и да е, познавајќи го
Кристиан, тој дури не би ни седнал на маса да преговара и да слушне таква
понуда, практично тоа е истото што јас заедно со мојата мајка го сторив во
периодот кога имавме понуди од Рома и Лацио
“ заврши Тоти.

За љубителите на
информација нешто повеќе од сево ова, барем кога станува збор за малиот
Кристиан, тој е роден 2005. година, дел е од академијата на Рома, веројатно и
таму ќе остане подолго, а ќе ги следи стапките на својот татко, барем според
зборовите на Франческо околу карактерот на Кристиан, за талентот на 14
годишното момче, проследете во видео прилогот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×