Барселона го
идентификувала Сандро Тонали како наследник на Андрес Иниеста, а тинејџерот од
Бреша ќе има навистина тешка одлука за тоа каде да ја продолжи кариерата ако се
земе во предвид огромниот интерес за неговиот потпис.
Бреша е пред
враќање во понизок ранг во италијанскиот фудбалски шампионат, речиси и да не
постојат дилеми околу тоа дека клубот ќе го продаде својот 19 годишен
неверојатен фудбалски талент.
Првично, првиот
човек на Бреша, Масимо Челино ги посочи Наполи и Рома како клубови во кои би
сакал да го види Тонали во иднина, но, тоа е негова лична желба, италијанските
медиуми пак наведоа дека фудбалерот го преферира Интер наместо Јувентус, двата
клуба кои се најзагреани за неговите услуги.
„Кориере дело Спорт“: Тонали преферира трансфер во Интер, наместо Јувентус
Како и да е, „Кориере
дела Сера“ пишува дека Барселона би издвоила 60 милиони
евра за талентираниот Италијанец, а во пакетот понуда ќе вклучи и двајца млади
фудбалери од својот тим со вкупна вредност од 10 милиони евра.