Сегашниот извршен директор на Монца, Адриано Галијани вели дека ситуацијата во фудбалот е аларманта.
„Сметките на клубовите експлодираат поради нивните долгови и загубата на ТВ Правата. Ситуацијата станува драматична“, вели Галијани.
„Не само што недостасува некоја рата од ТВ правата, тука се и заработките од стадионите. И УЕФА се уште не ги дистрибуирала тие 400 милиони евра од европските купови. Големите клубови во Европа ризикуваат банкрот, намалувањето на платите нема да биде доволно“.
„Помислете дека само официјалната продавница на Барселона собира 50 милиони евра годишно, а сега Камп Ноу е затворен. Тој е вториот најпосетуван стадион во Шпанија“.
„Штетата е огромна. УЕФА загуби тешки пари со одложувањето на Европското првенство“.