Се верува дека во
Реал Мадрид постои расположение да се ослободат од „вишокот“ во таа екипа,
Хамес Родригез, па претстојново лето 28 годишниот Колумбиец речиси сигурно ќе
си замине од шпанската престолнина.
Оваа опција
сериозно се разгледува во шпанскиот гигант, кој доколку го задржи и за идната
сезона, идното лето би можел да остане со празни раце од него поради фактот што
договорот на Хамес истекува токму идното лето.
Сопственикот на
Интер Мајами од САД, легендарниот Дејвид Бекам е веќе во преговори со клубот
каде настапуваше во својата кариера, Реал Мадрид, поточно тој преговара
директно со првиот човек на шпанскиот гигант, Флорентино Перез, дознава
специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Нема дилеми во
одличните односи помеѓу Бекам и Перез, а извори блиски до клубот за „Гол“
тврдат дека Бекам во Хамес гледа огромно засилување со кое клубот би се кренал
на едно мошне повисоко ниво.
Како и да е,
останува дилемата колку Хамес е расположен да си замине од европско тло и да се
префрли во една доста нова авантура во својата кариера.