Лорис Кариус,
голманот кој изминатите две сезони ги помина во Бешикташ како позајмен од
Ливерпул, би можел да има нова шанса за докажување во англиската Премиерлига,
известуваат медиумите од Турција.
Не така далечно е
финалето од Лигата на шампионите во 2018. година кога 26 годишниот Германец
имаше две кобни киксови на голот на „Редсите“, со тоа што им подари европска
титула на Реал Мадрид кој благодарение на тие негови два кикса стигна до победа
од 3-1.
Се работи за
Вулверхемптон, клуб кој е доста ценет на Островот, а сезонава се бори дури и за
место помеѓу топ четирите клубови во Премиерлигата, а „Фанатик“ тврди дека
тимот од „Молињу“ веќе е во преговори со Ливерпул за голманот.
Како и да е,
шефот на стручниот штаб на Вулверхемптон, Еспирито Санто во Кариус наводно
гледа идеална замена за првиот чувар на мрежата на таа екипа, Руи Патрисио кој сезонава
забележа осум клин шита, односно на осум меча успеа да ја сочува мрежата од
својот гол.
Што се однесува
пак до Кариус, тој има важечки договор со Ливерпул до 2022. година,
претстојново лето му истекува позајмицата во Бешикташ.