Вернер ќе биде нов играч на Ливерпул, црвените имаат адут кој другите премиерлигаши го немаат

by
1 минути читање

24-годишниот Тимо Вернер го бараа и гиганти како Баерн Минхен и Барселона, но Германецот има желба да игра во Премиерлигата, па така го намали бројот на екипи каде што би можел да заигра.

Како најзагреан беше Ливерпул, но голем интерес имаше и од Челси. Изборот паднал на црвените бидејќи само тие од Премиерлигашите имаат Германец тренер.

Вернер кој веќе почнал да учи англиски јазик, смета дека полесно ќе се прилагоди во тим кој е предводен од негов сонародник.

Наводно, деталите од трансферот се договорени, се чека само сезоната да заврши и тој да се пресели во Англија и да стане фудбалер на Ливерпул.

Вернер има 21 гол на 25 натпревари во Бундеслигата, Јирген Клоп во него гледа големо засилување за иднината на Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×