Англискиот весник тврди дека Манчестер јунајтед и Санчо постигнале договор за сите детали од неговиот договор, за должината, за платата, бонусите и големата откупна клаузула која е вметната во него. Неколку месеци веќе се воделе тајни преговори.
Сега Јунајтед мора да ги финализира преговорите со Дортмунд, а се верува дека ќе мора да платат рекордна сума за да го купат.
Досега рекоден трансфер на Јунајтед е купувањето на Погба за 89 милиони фунти.
Ова ќе биде и враќање на Санчо во Манчестер, но овој пат во другиот клуб од градот. Тој пред три години си замина од Сити откако не добиваше многу шанса од Гвардиола. Во Борусија Дортмунд се промовираше како еден од најдобрите офанзивни фудбалери во моментов и сега е на висока цена на трансфер пазарот.