Барди трипати ќе биде тестиран од коронавирус пред да почне повторно да игра во Примера

by
1 минути читање

Фудбалските лиги ги кројат плановите за продолжување на сезоната, „Ел Партидазо“ тврди дека во Шпанија играчите трипати ќе бидат тестирани и тестовите мора да бидат негативни за фудбалерите да можат да играат.

Најпрво ќе бидат тестирани два дена пред почнат со тренинзи кои треба да бидат во помали групи со почитување на препораката за социјална дистанца. Вториот тест ќе им биде направен пред да почнат со групни, нормални тренинзи. А третиот неколку дена пред првиот натпревар.

Речиси сигурно е дека натпреварите ќе се играат без публика. Нејасно е дали ќе се играат на стадионите на клубовите или ќе биде одбрано некое неутрално место.

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот со речиси 200.000 случаи и преку 20.000 мртви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×