Ѕвездата на актуелниот англиски првак Манчестер Сити, Кевин Де Брујне вели дека целото негово семејство имало одредени здравствени компликации пред да почне кризата со коронавирусот на Островот, односно да почне да се развива во голема мера.
Де Брујне се
сомнева во тоа дека неговото семејство било инфицирано со коронавирусот во
текот на периодот кога имале настинка, додава дека во моментов сите се
чувствуваат одлично, меѓутоа се’ започнало со неговото помало машко дете, а потоа преминало и на другото.
„На почетокот од
целата оваа ситуација моето семејство беше болно осум или девет денови“ вели
Белгиецот.
„Започна со моето
помало дете, потоа прејде и на постарото а потоа следеше и мојата сопруга, но,
не знам дали сме биле инфицирани со коронавирус, или не сме дошле до вирусот“
додава тој.
„За среќа ние
сега сме во одлична состојба, последниве две или три седмици сите сме во
одлична состојба и наоѓаме рутина, добро сме во овие моменти“ заклучи
Белгиецот.