Милан ги повика странските фудбалери да се вратат во Италија

by
0 минути читање

Расте оптимизмот дека од 4 мај италијанските клубови ќе добијат дозвола да се вратат на тренинзи.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан ги повикал своите странски фудбалери да се вратат во Италија до четврток.

Откако ќе се вратат во Италија, играчите би требало да бидат во двонеделен карантин пред да можат да тренираат. Што значи дека точно за почетокот на подготовките би можеле да бидат активни.

Златан Ибрахимовиќ, Рафаел Леао, Хакан Чалханоглу, Симон Кјаер, Асмир Беговиќ, Лукас Пакета, Анте Ребиќ и Франк Кеси се играчите на Милан кои не се во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×