165
Сите претставници на клубовите биле едногласни, сезоната треба да се доигра, се дебатирало околу моделот како да се случи тоа.
Се уште нема конкретен датум кога би продолжила сезоната во Премиерлигата, датумот ќе зависи од Владата која ги одредува мерките.
Денеска состанок имаа и клубовите од помалите лиги во Англија кои беа многу поконкретни.
Планот за Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2 е ако не бидат продолжени вонредните мерки од Владата кои завршуваат на 7 мај, да се почне со тренинзи на 16 мај, а со натпревари да се стартува на 6 јуни.