Реал Мадрид притиска за Фабијан Руиз

by
1 минути читање

Во Шпанија
известуваат дека Реал Мадрид притиска се
повеќе и повеќе за фудбалерот на Наполи, 24
годишниот Фабијан Руиз, но, од друга страна пак, во Италија наведуваат дека
Наполи е категоричен во намерата да го задржи Шпанецот во своите редови на
подолг рок.

Фудбалерот од
средниот ред беше доведен од Бетис во 2018. година за сума од 30 милиони евра,
а неговата цена на трансфер пазарот рапидно порасна поради блескавите изданија,
а Наполи сега си има мака да го задржи во својот тим.

„Мундо Депортиво“
и „АС“ посочуваат дека Реал Мадрид е во пол-позиција во однос на Барселона за
потписот на Руиз, воедно од таму додаваат дека „Кралевите“ подготвуваат голема
понуда за да ги реализираат своите намери.

Како и да е, „Газета
дело Спорт“ известува дека Наполи единствено би се разделил со Шпанецот во
случај да пристигне голема понуда на нивна адреса, нешто што би можело да се
случи токму од Реал Мадрид.

Руиз беше
поврзуван и со Манчестер Сити и Баерн Минхен, сезонава постигна три погодоци и
две асистенции во 32 настапи за Наполи, клуб со кој има важечки договор до
2023. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×