ВБА е во одлична
позиција да се врати во Премиерлигата, тимот предводен од Славен Билиќ на девет
кола до крајот на Чемпионшип дивизијата е на второто место кое носи директен
пласман, поточно на бод зад лидерот Лидс, клуб за чии редови настапува нашиот
Езгјан Алиоски.
Славен Билиќ,
поранешниот фудбалер од златната генерација на Хрватска во интервју за новинарот Сабанудин
Топалбечиревиќ, кое го пренесе и „24сата“ имаше интересно гледиште на повеќе теми, а почна со ситуацијата во Англија, тој
не верува дека ќе се остварат најавите дека сезоната ќе продолжи во јуни,
меѓутоа става јасно дознаење дека постои силна иницијатива сезоната да се
комплетира.
„Кога они велат
дека тоа ќе се случи во средината на јуни, тоа значи дека нема да се случи ниту
тогаш, тие се надеваат дека дотогаш ситуацијата ќе се смири, но никој не знае
кога ќе заврши сево ова, како и да е, постои силна тенденција сезоната да се
заврши“ вели Билиќ за случувањата во англискиот фудбал, a потоа го коментираше славниот Хајдук, клуб во кој
ја започна својата кариера, а впрочем и ја заврши во истиот во 2000. година.
„Има клубови кои
многу значат во градот и регионот, а Хајдук е нешто повеќе од тоа, има такви
клубови, а Хајдук е начин на живот. Тоа е Наполи, тоа е Лидс, го почувствував
тоа, тоа се гиганти. Имаа прилика нешто да направат со Станиќ и Тудор, но
засега достигнувањето на Динамо Загреб е невозможна мисија, тие мораат да бидат
концентрирани на самите себе, првично да направат разлика во однос на Ријека и
Осијек, како што Динамо направи кон нив, а потоа ќе можат да одат и чекор
напред“ подвлекува 51 годишниот Билиќ, а запрашан на тоа зошто Хрватска беше
втора и трета фудбалска сила во светот, а Босна и Херцеговина и Србија и покрај фактот
што секогаш имаат звучни имиња во своите тимови никогаш не го достигаа тоа, Билиќ беше
конкретен во својот одговор.
„Србија и БиХ
имаат квалитет, веќе неколку генерации имаат фудбалери кои играат во
најголемите европски клубови, но, тие не се како нас, немаат резултати како
Хрватска. Јас не знам зошто е тоа така, но веројатно е дека им недостасува
набој кој ние Хрватите сигурно го имаме“ наведува Билиќ, а потоа не криеше
пофалби за контроверзниот Здравко Мамиќ, првиот човек на Динамо Загреб кој си
има проблеми со судските власти на Хрватска за неколку сомнителни дела.
„Здравко го
направи Динамо успешен клуб, тој е најзаслужен за таа разлика во однос на
Хајдук, кога само би погледнале какви фудбалери излегоа низ тој клуб… Тој е
еден неверојатен менаџер и шеф на клубот, нормално дека ситуацијата со Здравко
е негативна, доколку се вистинити обвиненијата, но, јас додека ја водев
репрезентацијата имав премногу коректен однос со него“ заврши Билиќ.