Хавертц испрати порака до гигантите кои се загреани за неговите услуги

by
1 минути читање

Младата ѕвезда на
Баер Леверкузен и голема надеж на германскиот фудбал, Каи Хавертц вели дека
чувствува дека сега е моментот кога треба да донесе некоја голема одлука во
својата кариера, односно да тргне чекор понапред.

Извесно е дека 20
годишниот офанзивец претстојново лето ќе си замине од Баер Леверкузен, иако спортскиот
директор на таа екипа Руди Фелер сугестираше дека би можел да остане уште една
сезона.

Меѓутоа, во
меѓувреме Хавертц вели дека е дојден моментот да направи чекор напред во
својата кариера, не крие дека сака нов предизвик.

Подготвен сум за
еден голем чекор напред, притоа и ќе додадам дека сакам предизвици, за мене ова
значи и нешто надвор од Германија
“ изјави Хавертц за „Билд“.

Баер Леверкузен
е голем клуб, се чувствувам среќно тука, секогаш сум го велел тоа, но, секако
дека сакам да направам и чекор напред во мојата кариера од некоја гледна точка,
тоа е мојата амбиција
“ додаде тој, а подвлекува дека тренерот би бил клучниот
фактор за тоа како понатаму.

Тренерот е
најважното нешто за мене, можете и да се уверите дека одлично функционираме со
нашиот тренер (Питер Бош)
“ заклучи Хавертц.

Хавертц има
важечки договор со Баер Леверкузен до 2022. година, тој е на мета на повеќе
гиганти како Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, како и Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×