Во Барселона
размислуваат за засилување во средниот ред, и тоа со Н’Голо Канте од Челси, а за таа намера Каталонците
наводно се подготвени и да го понудат Филипе Кутињо, а со тоа Бразилецот би
можел повторно да се врати во Премиерлигата, каде претходно настапуваше во
дресот на Ливерпул.
Кутињо моментално
е на позајмица во Баерн Минхен, речиси и да нема дилеми дека „Баварците“ нема
да го задржат во своите редови на подолг период, а Барселона со оглед на фактот
што не го гледа Бразилецот во своите планови, посакува да го искористи за да
дојде до потписот на Канте.
„Мундо Депортиво“
извести за планот на Барселона, а се верува дека Кутињо има нескриена желба да
се пресели на „Стемфорд Бриџ“, меѓутоа во прашање е Челси кој сигурно нема
лесно да се откаже од услугите на Канте.
Во меѓувреме, се
верува дека Канте има големи симпатии кон Барселона како клуб, а Каталонците
освен што кројат планови за наследник на Луис Суарез во нападот каде како
опција е идентификуван Лаутаро Мартинез од Интер, секако дека размислуваат како
по Иван Ракитиќ и Артуро Видал, кои се на излезна врата од „Камп Ноу“
претстојново лето.