Интер на Жиру ќе му понуди двегодишен договор

by
1 минути читање

Интер не се
откажа од услугите на Оливие Жиру, особено не во една ваква ситуација кога 33
годишниот напаѓач ова лето ќе биде слободен играч на трансфер пазарот, а „Нероаѕурите“
имаат и план околу договорот.

„Газета дело
Спорт“ известува дека Интер ќе му понуди двегодишен договор на Жиру, со опција
и за дополнителни 12 месеци во истата понуда.

Како и да е,
речиси и да нема никакви дилеми во тоа дека 33 годишниот Жиру ќе мора да се
согласи на пониска плата од таа која ја заработува во Челси на годишно ниво (8
милиони евра), а како за илустрација, Ромелу Лукаку и Кристиан Ериксен со 6.5
милиони евра годишна плата се најплатените фудбалери во италијанскиот прволигаш
во моментов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×