Клоп сака средба со Вернер во четири очи

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на европскиот првак Ливерпул, Јирген Клоп иницира на има средба со
напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер околу потенцијален трансфер на неговиот
сонародник на „Енфилд“, известува „Билд“.

Германскиот
медиум тврди дека Клоп очајно го посакува
24 годишниот напаѓач како засилување во неговиот
состав, повеќе од било кога, а интересот на Ливерпул за Вернер од поодамна е
познат за јавноста.

Како и да е, „Редсите“
имаат и конкуренција за потписот на Вернер, и тоа во Баерн Минхен, особено
откако тренерот Ханси Флик ја продолжи соработката со германскиот првак до
2023. година, а тој важи за голем обожавател на играта на напаѓачот.

Ланското лето
Вернер беше близу до преселба во Баерн Минхен, и тоа за трансфер вреден 25
милиони евра, меѓутоа спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ постојано беше
против таа идеја, а во меѓувреме Вернер потпиша нов договор со Лајпциг до 2023.
година.

Претстојново
лето, Вернер ќе биде достапен за заинтересираните клубови за сума од 55-60
милиони евра, поради откупната клаузула која ја има во договорот со клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×