Серија А најверојатно ќе се доигра, веќе излегоа планови како тоа ќе се направи но за да се реализираат тие треба да се смири и ситуацијата со коронавирусот и Италија да се врати во нормала.
„Ја почитувам науката, но не можам да се предадам. Работиме на тоа како да продолжиме да играме, а не кога“, вели Гравина.
„Кога Италија ќе се врати во нормала и кога ќе има услови другите сектори да продолжат, и фудбалот ќе се врати исто така“.
„Еднаш реков, првенството мора да биде комплетирано, има време. Со Владата, лигата, федерацијата, докторите, сите заедно ќе одлучиме одговорно“.
„Целиот наш систем ќе има корист од продолжувањето на Серија А“.
„Можно е да продолжиме без натпревари на северот, но не можеме да играме само во еден град. Не можеме да играме десет меча на ист терен за време на викенд. Ќе ни требаат 20 спортски центри“.
„Прекинување на лигата ќе донесе многу проблеми, веќе има предупредување од некои клубови. ФИФА исто создава простор да се продолжи. Новата сезона нема да почне без да се комплетира оваа. Немаме точен датум за старт, ќе се консултираме и со другите европски лиги“.
„Доколку почнеме на почетокот од јуни, ќе завршиме до крајот на јули“.