Пред речиси пет години Дибала за 40 милиони евра пристигна во Јувентус од Палермо.
Но, пред почетокот на оваа сезона Јувентус сакаше да го продаде, но тој инсистираше да остане и да докаже дека вреди.
26-годишниот фудбалер одигра одлично, постигна седум голови и девет асистенции во 24 натпревари од Серија А и покажа дека Јувентус ќе згрешеше доколку го продадеше.
„Тутоспорт“ сега пишува дека Дибала и Јувентус работат на нов договор според кој играчот ќе заработува 7 милиони евра годишно, но како ќе одминуваат сезоните заработката ќе се зголемува. Торинскиот весник овој проект го нарече „Дибала засекогаш“ алудирајќи на тоа дека Јувентус сака да го задржи фудбалерот во својот тим до крајот на неговата кариера.
Дибала го сака Јувентус, изминатото лето покажа дека неговата желба е да го носи само црно-белиот дрес, клубот смета дека треба да го искористи тоа и да го задржи Аргентинецот.