Поранешниот член,
а воедно и легенда на Барселона, Чави Ернандез смета дека напаѓачот на Интер,
Лаутаро Мартинез би бил идеално засилување за Каталонците, наведувајќи дека
клубот има право на тој интерес.
Лаутаро подолг
период се поврзува со можен трансфер во Барселона, а во меѓувреме „Газета дело
Спорт“ извести дека Интер од друга страна крои планови да го искористи тој
момент и потенцијалното заминување на Лаутаро да го пополни со Антоан Гризман.
„Ми се допаѓа
Лаутаро, на одличен начин се ослободува од дефанзивците, нуди многу можности во
играта, способен е да игра во отворени, но и затворени простори, Барселона има
право за интересот кон него“ вели Чави, а потоа беше запрашан и за можното
враќање на Нејмар на „Камп Ноу“.
„Зошто да не? Јас
делев соблекувална со него, ми делува како одлична особа, беше професионалец и
направи голема разлика за тимот во тој период, меѓутоа не би сакал да влегувам
во некои клупски проблеми, сепак, ако говориме за односот на терен, тој е во
топ петте фудбалери во светот“ издвои Чави.