Поранешниот
стопер на Лацио, Јап Стам тврди дека тимот од Рим може да го освои
овосезонското Скудето, а тој воедно додава зошто го избрал Милан наместо Интер
или Јувентус во својата кариера во Италија.
47 годишниот
Холанѓанец е импресиониран од начинот на кој составот предводен од Симоне
Инзаги се однесува на теренот оваа сезона, меѓутоа не е изненаден од тоа што
Лацио во моментов е на второто место во „Серија А“ со бод заостанување зад
лидерот Јувентус.
„Тоа воопшто не
ме изненадува, работеа одлично со години и сега можат да го освојат Скудетото,
како и да е, Инзаги ме импресионираше, сите имаат одлични перформанси под
неговото кормило, на секоја позиција“ вели Стам за „Газета дело Спорт“.
„Инзаги е одличен
тактичар, има одлична визија на играта и карактер, доколку тимот бележи добри
резултати, сметам дека заслугата е негова“ додаде Стам, а потоа се надоврза и
на трансферот тогаш вреден 10,5 милиони евра од Лацио во Милан во 2006. година.
„Јувентус и Интер
исто така ме посакуваа, но го одбрав Милан без да размислам два пати за тој
клуб, израснав со Марко Ван Бастен, Руд Гулит и Франк Рајкарт, не можев да ја
одбијам таа понуда“ заклучи Стам.