„Фестивал на фудбалот“: На фудбалерите од Премирелигата им е кажано да се подготват

by
2 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека на фудбалерите во
Премиерлигата им се испратени инструкции да ги редуцираат сопствените планови и
распореди во пресрет на враќањето на тренинзите кое е предвидено кон крајот на
мај.

Како што објави „Спортсмејл“,
клубовите им испратиле неколку инструкции на своите фудбалери
:

* Да се
промени режимот на работа од домашни услови до 4. мај (да се намали интензитетот)

* Да
очекуваат враќање на тимскиот тренинг до крајот на идниот месец

* Да ги откажат сите планови за напуштање на државата во период познат како вон сезона

* Да
бидат подготвени да продолжат со фудбалските активности по 48 часа

„Спортсмејл“
претходната седмица објави дека на фудбалерите им било укажано да бидат
подготвени за периодот кој претстои, поточно за враќање на клупските обврски
кон средината на мај на целосни клупски тренинзи, и тоа во пресрет на
продолжението на сезоната кое сега се најавува кон средината на јуни.

Што се однесува
до строгото барање до фудбалерите да не ја напуштаат државата, оние кои ќе
посакуваат такво нешто ќе им биде потребна посебна дозвола од клубовите, но
укажано им е дека би морале да се вратат во рок од 48 часа во случај плановите
да се променат.

Ѕирнете во комплексот кој ФА го нуди за комплетирање на сезоната во Премиерлигата (ФОТО)

Ќе потсетиме дека
„ФА“ нуди и план за тоа како да се доиграат претстојните девет кола во
Премиерлигата, со тоа што натпреварите би се одиграле во два кампа, арената „Вембли“,
како и националниот фудбалски центар „Сент Џорџ Парк“, а медиумите на Островот
пишувајќи на оваа тема постојано навестуваат „Фудбалски фестивал“ со оглед на
фактот што ќе имаме можност да проследиме фестивал од натпревари во мошне
краток период период.

Секако дека би
било интересно да се проследи исходот од возбудувањата во Премиерлигата оваа
сезона, на Ливерпул му се потребни уште само две победи до титулата која ја
чека цели 30 години, а голема е конкуренцијата за четвртото место на табелата,
неизвесна е ситуацијата и во долниот дел на табелата каде неколку екипи се уште
немаат загарантирано опстанок во елитното друштво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×