Балотели и во минатото говорел за љубовта кон Наполи, но никогаш не заиграл за овој клуб. Во инстаграм интервју со Фабио Канаваро рече дека би бил многу среќен ако може да заигра за тој тим.
„Би бил многу среќен во Наполи, сериозен сум. Ќерка ми ќе ја направам водач на ултрас фановите, таа е голем навивач на Наполи. Јас и пеам: „Бреша, Бреша“, но таа и понатаму навива за Наполи. Беше пресреќна кога ја однесов на Сан Паоло, беше како хипнотизирана. Секогаш е убаво чувството да се игра таму, иако според мене најубав стадион е Сан Сиро“, вели Балотели.
29-годишниот Балотели открива дека Ибрахимовиќ во Интер го проценил за неталентиран, но потоа се предомислил.
„Кога бев дете, тој ми кажа дека јас никогаш не би можел да тренирам со првиот тим. Ми рече дека не сум доволно добар за да играм за нив. Но потоа кога виде дека не е така, на Мино Раиола му рече да ме земе за клиент бидејќи бев подобар од него“.