224
Ако Барселона го ангажира Лаутаро Мартинез, тоа ќе значи дека најверојатно би го продале Гризман.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Интер ќе се обиде да го искористи тој момент и заминувањето на Лаутаро да го пополни со Гризман.
Лаутаро има откупна клаузула од 111 милиони евра, тоа значи дека Интер не може да му застане на патот доколку Барселона ја плати оваа сума.
Интер ќе треба да наддава и со другите заинтересирани за Гризман за да дојде до неговите услуги.
Миланскиот клуб ќе може да ги искористи парите од заминувањето на Лаутаро, но интерес за Гризман има и од ПСЖ.