Директорот на
Премиерлигата, Ричард Гарлик заедно со својот советник од областа на
медицината, Марк Гилет се во постојана дискусија со клубовите околу тоа што е
најреално да се очекува од фудбалерите, односно дали и кога сезоната би
продолжила.
Во меѓувреме, од
англиската фудбалска асоцијација ги нудат „Вембли“ и „Сент Џорџ Парк“ како две
места на кои би можело да се доиграат останатите кола од сезоната, во случај
лигата да побара услови за такво нешто.

арената „Вембли“ во Лондон
Информациите кои
пристигнуваат од Островот, а „Скај Спортс“ ги потврди, велат дека обата
стадиони би можеле да бидат искористени како дел од програмата „Фестивал на
фудбалот“ за да се комплетира актуелната сезона.
Арената „Вембли“
е далеку попозната од другото место на кое би требало да се доиграат
натпреварите, меѓутоа „Скај Спортс“ пишува дека „Сент Џорџ Парк“ би можел во
целост да понуди услови за да се играат по неколку натпревари на дневна основа,
а притоа има и хотел за сместување на 228 лица настрана од кампот, место каде
фудбалерите и официјалните лица на клубовите би можеле да бидат на едно место и
да избегнат патувања.
Веројатно дека комплексот
„Сент Џорџ Парк“ би ве интересирал, со оглед на фактот што досега беше непознат
за јавноста, станува збор за фудбалски центар за англиската фудбалска
асоцијација, официјално отворен во 2012. година, за чија изградба беа потрошени 105 милиони фунти а
се простира на 330 хектари.










Премиерлигата
постојано ги разгледува сите опции, а најреалната е секако натпреварите да се
играат без присуство на публика, а се вели дека обата наведени комплекси се
најидеалното решение за да се реализира евентуална таква одлука.