Предводникот на
Челси, како и легенда на тој клуб, Френк Лампард не крие колку е горд на
начинот на кој тој клуб брзо реагираше во пандемијата со коронавирусот во
Англија.
„Сините“ од
Лондон беа брзи во своите реакции, најпрво им пружија рака на здравствените
работници, на кои им го ставија на располагање хотелот на „Стемфорд Бриџ“, а
како што вели Лампард, фондацијата работи на максимално ниво изминатиов период.
„Прво, морам да
кажам дека сум многу горд на фактот што сум тренер во еден ваков клуб, ова го
велам поради начинот на кој Челси се справи со оваа ситуација“ вели Лампард за
„Скај Спортс“.
„Ние како клуб
имавме брза реакција, помогнавме со хотелот, постои многу работа изминатиов
период со фондацијата, постојано сме во контакт со нашите навивачи, постојано
им даваме упатства, многу луѓе се приклучија во добротворни акции, прават
големо добро за луѓето“ додаде Лампард.
Тренерот на Челси
воедно ги пофали и останатите фудбалери во шампионатот кој придонесуваат за
справување со коронавирусот, наведувајќи дека не секоја ситуација била
перфектна, меѓутоа, генерално гледано има позитивни оценки.
Како за крај, ќе
издвоиме и дека Челси влезе во друштво на повеќето екипи од Премиерлигата кои
решија трошоците кон вработените во своите клубови да ги покријат самите, без
да користат државна помош, Тотнем и Ливерпул се здобија со огромни критики
заради таквата одлука, а Ливерпул брзо ја промени истата наведувајќи дека била
избрзана и целосно погрешна.