Раниери: Каква и да биде одлуката, таа ќе донесе хаос

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Сампдорија, Клаудио Раниери вели дека претседателот на
клубот, Масимо Фереро чека одлука од повисоки структури, меѓутоа искусниот
италијански фудбалски стратег тврди дека било која одлука ќе донесе хаос.

Екипата на
Сампдорија беше една од најпогодените екипи во „Серија А“ во поглед на
заболените од коронавирусот, меѓутоа Раниери вели дека инфицираните фудбалери
веќе закрепнале.

Тие сите веќе
закрепнаа, не беше убаво да се слушнат тие вести дека се инфицирани, му
благодариме на бога, јас сум во постојана комуникација со нив
“ вели Раниери за
„Радио Анчио Спорт“.

Раниери вели дека
има многу прашања околу тоа кога би продолжиле фудбалските возбудувања, тврди
дека одлуката би требало да биде препуштена на оние кои мораат да повлечат одговорност
по тоа прашање.

Фудбалерите се
како Формула 1, дали би можеле да ги притискаме до максимум? Дали еден месец
подготовки би биле доволно за да се играат три натпревари во една седмица?
Можеби ние би требало да имаме можност да правиме по пет замени, доколку го
немаме тоа право, ќе ги доведеме до максимален стрес, посебно оние кои беа
заболени од вирусот
“ подвлекува Раниери.

Претседателот
никогаш не ни споменал дека сака да се повлече, тој само размислува за
здравјето на нашите момци, чека одлука од повисоки структури, меѓутоа, каква и
да биде одлуката, сето тоа ќе донесе хаос, секогаш ќе постои одредено
незадоволство
“ заклучи Раниери.

Екипата на
Сампдорија има само еден бод предност во однос на Лече кој е во опасната зона
за испаѓање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×