Ракитиќ има договор со Барселона до јуни 2021 година, тој не е задоволен од неговиот статус оваа сезона и можно е да си замине од клубот.
На гласините за негово заминување вели дека тој не е вреќа компири за да го продаваат, туку сам ќе одлучи дали ќе остане или ќе си оди.
„Не сум вреќа со компири. Јас ќе одлучам за мојата иднина. Сакам да бидам таму каде што ќе ме почитуваат. Доколку тоа е тука, супер, ако не јас ќе одлучам каде ќе одам“, вели Иван Ракитиќ.
„Секогаш сум велел дека можноста да играм за Барса е перфектната ситуација за мене. Сакам да уживам и да му помагам на тимот“.
„Имав многу чуден прв дел од сезоната. Ми беше многу неудобно и изненадувачки, но од тоа треба да научам неколку работи и да напредувам“.
„Понекогаш се случуваат работи кои не ги разбирате, но треба да ги прифатите“.
„Сакам да го испочитувам договорот, но ќе видиме, најважно е сезоната да ја завршиме на најдобар можен начин“.
Ракитиќ вели дека повторно сака да игра за Севиља, но тоа треба да го сака и клубот за неговата желба да се оствари.
„Севиља има посебно место кај мене, и клубот и градот. Имам фамилија таму. Отсекогаш сум велел дека би било сон уште еднаш да го облечам тој дрес. Сите го знаат тоа, но одлуката не е само моја. Мончи (директорот на клубот) и другите во Севиља го имаат мојот број, не ми се јавиле. Неодамна ми беше роденден и Мончи не ми се јави“.