634
Кени Далглиш во средата беше хоспитализиран откако неговиот тест за Ковид-19 беше позитивен.
Далглиш денеска е пуштен на домашно лекување со антибиотска терапија. Тој ќе остане дома во самоизолација.
„Голем аплауз за лекарите во овие тешки времиња. Можеби луѓето мислат дека само познатите добиваат специјален третман во болниците, но ве уверувам дека секој е максимално добро згрижен“, вели Далглиш.