Серија А ќе почне на 31 мај, а ќе заврши кон средината на јули

by
1 минути читање

Карантинот во Италија е продолжен до 3 мај, кривата на заразени од коронавирусот се стабилизира, но се уште не почнала позначително да се намалува, па мерките остануваат на сила.

Според „Кориере дело Спорт“, клубовите ќе добијат дозвола да почнат со тренинзи од 4 мај, тие ќе се одвиваат во помали групи на социјална оддалеченост.

Весникот пишува дека клубовите ќе се обидат да издејствуваат дозвола од 27 април да почнат со интензивни физички и медицински тестови на фудбалерите за да бидат сигурни дека тие се здрави за почеток на подготовките.

„Калчомеркато“ очекува сезоната да почне на 31 мај и колата да се играат на секои три дена, така сезоната би завршила на 12 јули.

УЕФА ќе дозволи прво да се завршат домашните првенства, а потоа да се финишира сезоната во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×