Занети: Иднината на Лаутаро ја гледам во Интер, а Икарди…

by
1 минути читање

Потпретседателот
на Интер, како и легенда на тој клуб, Хавиер Знаети не верува дека Мауро Икарди
би се вратил во клубот, меѓутоа уверува дека го гледа Лаутаро Мартинез во
клубот и во иднина.

Сепоизвесно е дека Икарди ќе си замине од ПСЖ
по крајот на актуелната сезона, таму настапува како позајмен од Интер, а тоа би
значело дека „Нероаѕурите“ повторно би имале во својот состав фудбалер кој не е
во плановите на тренерот Антонио Конте.

Од друга страна,
голем е интересот за Лаутаро, се верува дека Барселона е прв избор за
Аргентинецот кој на лето има откупна клаузула од 111 милиони евра, сума која
веројатно е примамлива за гигантите, но Занети го гледа својот сонародник и
идната сезона во Милано.

Во овие моменти
ние не размислуваме за преодниот рок, најважното нешто во моментов е здравјето
на луѓето
“ вели Занети за „ЕСПН“.

Не знам дали
Икарди ќе се врати, не мислам дека ќе имаме такво сценарио, но, ќе имаме време
да размислиме на таа тема
“ додава тој, а потоа се префрли и на ситуацијата со
Лаутаро.

Лаутаро го
гледам во Интер, тој веќе се идентификуваше со клубот, ние веруваме во него,
јас неговата иднина ја гледам во овој клуб
“ заклучи Занети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×