Капитенот на Лестер: Доколку е безбедно, имаме одговорност да играме

by
2 минути читање

Вес Морган,
капитенот на Лестер не крие дека е отворен за идејата актуелната сезона во
Премиерлигата да се комплетира со одигрување на престојните девет кола без
публика на трибините, меѓутоа тоа да се стори кога ќе се обезбедат сите услови.

Лестер е
последната екипа која имаше натпревар, во победата над Астон Вила на 9 март. од
тогаш па наваму фудбалот е суспендиран, Морган не крие дека немањето фудбал
оставило голема празнина кај сите.

Во моментот кога
фудбалските власти ќе ја проценат ситуацијата како безбедна, поточно да се игра
под карантин, ние мораме да го сториме тоа
“ вели Морган за „Тајмс“.

Ќе биде тоа
жртвување за многу луѓе, не е лесно да сте оддалечени од вашите семејства толку
долг период, меѓутоа има разни алатки да се одржи комуникацијата, веќе кога сме
во ваква ситуација, мораме да учиме како да се справуваме со истата
“ додава тој.

Интернационалецот
од Јамајка верува дека фудбалерите имаат одговорност да сторат нешто за земјата
како поддршка во справувањето со кризата.

Ќе биде тоа
дополнителна мотивација за нацијата, на сите им недостасува фудбалот, сметам
дека сите ја чувствуваат таа празнина која остана во нашите животи, кога сево
ова се случи, а сите говореа за натпревари без публика, не бев за таквата идеја

посочи Морган.

Навивачите ја
прават играта каква што е, креираат атмосфера, би било срамота доколку тие не
се во можност да не гледаат како играме, но, согледувајќи ја ситуацијата со
кризава, и како долго сме без фудбал, постои промена во таа гледна точка,
сметам дека повеќето навивачи би биле среќни да ги гледаат натпреварите на
телевизија, а фудбалерите знаат дека имаат одговорност да играат, се
дури тоа е безбедно“ заклучи капитенот на
„Лисиците“.

Лестер има
одлична сезона зад себе, со 53 бода е на третото место на табелата со пет бода
предност во однос на Челси, односно осум во однос на Манчестер јунајтед, во
однос на второпласираниот Манчестер Сити (меч помалку) „Лисиците“ заостануваат
четири бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×