Шефот на
стручниот штаб на италијанскиот првак Јувентус, Маурицио Сари сака повторно да
соработува со Н’Голо Канте,
меѓутоа „Старата дама“ има конкуренција во ПСЖ и Реал Мадрид.
Според пишувањата
на „Дејли Мејл“ и „Калчомеркато“, Челси наводно е подготвен да ги разгледува
потенцијалните понуди за 29 годишниот Французин, и тоа уште претстојново лето,
откако на Канте актуелнава сезона не му успеа да си ја врати својата
препознатлива форма од претходно.
Шпекулациите
велат дека за потписот на Канте во игра се уште и ПСЖ и Реал Мадрид, а
италијанските медиуми инсистираат на тоа дека Јувентус е сериозен во своите
намери.
Во меѓувреме, од
Јувентус наводно се подготвени во пакетот понуда до Челси да вметнат и некој
фудбалер од своите редови, а се споменуваат Миралем Пјаниќ, Даниеле Ругани и
Алекс Сандро.